СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот. Снег со слаб интензитет кој сега засега не се задржува на коловозот провејува на планинските премини Буково и Плетвар а исто така и во Крушево, Кочани, Штип и Павлешенци.