Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) известува дека регионалниот пат Струмица – Радовиш е нормализиран за сообраќај.
Патниот правец утринава беше времено прекинат, поради опожарено товарно моторно возило.
Дел од медиумите јавија дека на патот била запалена цистерна.
извор: АМСМ