АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: На ден 15.02.2023 година во период од 13:00 – 16:00 часот ќе се врши минирање за изградба на експресниот пат А2 делница Длабочица – Чатал и сообраќајот ќе биде во прекин во одреден дел од наведениот период.

ФРЕКВЕНЦИЈА : Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.