Новиот годишен извештај за работата на Агенцијата за администрација пред пратениците – документот открива дека лани институциите на централната власт го зголемиле бројот на јавни огласи за вработување додека кај огласите за вработување на административци на локално ниво има намалување. Од кандидатите што ги поминале сите филтри и биле одбрани за идни административци 24,5% се етнички Албанци. Порталб.мк во последователни анализи објавува податоци за вработувањата и состојбата со администрацијата во 2022.
Во 2022 објавени 800 јавни огласи за вработување
Скоро 1 500 лица лани добиле „виза“ за вработување во администрацијата. Конкретно 1 048 се избрани за вработување во централната власт а 416 во институции на ниво локалната власт. Новите податоци од Агенцијата за вработување покажуваат дека според етничката припадност најголем дел или 66% од избраните кандидати за вработување се Македонци, нешто над 23% се Албанци а околу 4% етнички Турци. Останатите етникуми се застапени со помалку од 2%.
Избор на кандидати за вработување 2022
(етничка припадност)
Македонци 66,39%
Албанци 23,50%
Турци 3,83%
Роми 2,87%
Ова значи дека лани за вработување во администрацијата како административни службеници, раководни, стручни, помошно-стручни, филтерот го поминале 927 Македонци, 344 Албанци, 56 кандидати Турци, 42 Роми итн.
Ова е епилогот за буџетската 2022 година во која институциите и на централно и на локално ниво побарале објавување на скоро 900 објавени огласи за вработување, но биле објавени 800 за 1 771 работно место за вкупно 2 075 административец. Најголем дел од огласите или 59% биле на барање на централната власт а 41% од локалните власти.
Огласи за вработување 2022
Централна власт Локална власт
Број на огласи 473 327
Број на работни места 1 238 533
Број на вработувања 1 537 538
За спроведените јавни огласи за вработување се пријавиле скоро 16 300 кандидати но податоците покажуваат дека 60% од обработените пријави биле неуредни. Оваа бројка на “кандидати“ за идни административци покажува дека работата во државна служба и натаму е атрактивна, особено што најголем дел од пријавените 14 131 сакале да се вработат во централната власт а 2 106 се пријавиле за работа на локално ниво. Сепак по сите поминати филтри, крајниот административен испит го положиле 2 348 лица. Конечното рангирање на кандидатите покажува дека лани државата и на централно и на локално ниво “регрутирала“ 1 464 нови административци.
Лани во споредба со 2021 значајно бил зголемен бројот на објавени огласи за вработување на централно ниво, конкретно во 2022 тој се зголемил за дури 30,3% додека институциите на локално ниво објавиле помалку јавни огласи за 22,3%. Вкупно во 2022 во споредба со 2021 бројот на објавени огласи се зголемил за 2%.
Но иако е зголемен бројот на објавени огласи, намален е бројот на избрани кандидати за 5,85%. Податоците од извештајот на Агенцијата за администрација покажуваат дека лани во споредба со 2021 та вработувањата на административци на централно ниво се зголемени додека на локално има намалување. Конкретно во 2022 бројот на избрани кандидати во институциите од државната власт е поголем за 16,4% додека во институциите на локално ниво има намалување за 36,5%.
По етничка припадност избрани се 10,2% помалку Македонци, 6,2% повеќе Албанци, 2,4% помалку Турци, 13,5% повеќе Роми, 17,8% помалку Срби а 116,6% повеќе Бошњаци.
Извор: Порталб.мк
фото: unsplash.com