Заменик министерот за здравство Јовица Андовски на прес-конференција информираше дека уште двајца повредени од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани од 16 март, кои се лекуваат во странство, се во релативно тешка здравствена состојба.
„Моментално во странство се лекуваат 45 повредени. Во текот на денов треба да пристигне пациент од Солун, кој ќе го продолжи лекувањето на Клиниката за пластична хирургија. На оваа клиника моментално се лекува една пациентка. Од Ниш утре треба да пристигне во државава еден пациент, кој ќе го продолжи лекувањето во Стара градска, каде двајца се лекуваат таму моментално. Две лица се лекуваат во приватна болница во Скопје“, кажа Андовски.
Пожарот зеде 62 жртви, а близу 200 се здобија со повреди.
skopjeinfo.mk