Марија Андоновска, советничка во советот на Град Скопје на денешната седница на советот во дискусија за воведување на нови автобуски линии и продолжување на постоечките, рече дека советникот од ГРОМ Александар Трајановски кој смета дека претпријатието е во криза и може дополнително да се оптерети со пуштањето на нови линии бидејќи според него тоа е политичка одлука за задоволување на одредени индивидуални барања, е контрадикторен, бидејќи додека ја брани градоначалничката Данела Арсовска, се противи на нејзината програма во која пишува дека воведувањето на нови автобуски линии и продолжување на постоечките стратешки проект.
Ова е програма за Модерно Скопје, модерно и сигурно, страна број 29 со црвено назначено стратешки проект, нови автобуски линии и продолжување на постоечките. Значи продолжување на постоечките и нови автобуски линии, граѓаните знаејќи ја оваа програма, подржувајќи ја оваа програма, побарале од нас да го исполниме ветеното, и ние денеска тоа го правиме. Ќе ја поддржиме оваа иницијатива и сите останати иницијативи кои што ќе бидат согласно оваа програма, на која што ние како ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата сме дале поддршка и на која што граѓаните дале поддршка, децидна е Андоновска.
Во реплика до Трајановски, Андоновска посочи дека истиот е доста мотивиран откако политичката партија ГРОМ ја доби директорската функција во ЈП Паркинзи, па поради тоа мора да излегува и да ја брани Арсовска, додавајќи дека тој е единствениот лик кој што брани нешто кое што е неодбранливо.
Советникот кој што вели дека има лични ставови во континуитет, јас лично не би се согласила, бидејќи значително се забележува неговата активност откако го добија она што единствено им требаше, директор на Паркинзи. Од тогаш е посебно мотивиран и излегува на оваа говорница и нормално си добива пораки јави се брани ме, и човекот мора да искочи. И е мислам дека треба да седне овде тука до секретарот бидејќи е единствениот лик кој што брани неодбранливи работи, му порача Андоновска на советникот од ГРОМ Трајаноски.
извор: ВМРО ДПМНЕ
фото: ВМРО ДПМНЕ