Андреј успеал да излезе од пожарот, но се вратил да спасува од децата

Андреј Ѓорѓиески од групата ДНК е еден од загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани, кој избувна утринава пред 3 часот. Тој, според информации на голем број медиуми, имал тешки изгореници и се обидувал да им помогне на гостите кога избувнал пожарот кога и го загубил животот.

Андреј Ѓорѓиески е роден на 9 февруари 1982 во Скопје.

И младиот музичар, тапанарот Ѓорѓи Горгиев од Струмица го загуби животот во трагичниот пожар што избувна рано утринава во дискотека во Кочани. Сѐ уште се трага по вонр.проф.м-р од Факултетот за музички уметности, Сара Пројковска, која е пратечки вокал во ДНК.

Според последните информации од МВР, животот во дискотеката „Пулс“ го загубија 59 луѓе, откако поради пиротехнички средства, се запали дел од опремата на таванот, а потоа дел од таванот се срушил врз присутните. Голем број луѓе загинаа и во стампедото што се создало при обидите за бегство.

 

 

 

skopjeinfo.mk