Една година откако ненадејно откри дека е бремена и оти се свршила со партнерот Роберт Спасенцовски, Антониа Гиговска направи свадба на која присуствуваа нејзините најблиски, роднините и пријателите.
Нашата популарна пејачка Антониа Гиговска денес (10.03) прави свадба и стапи во брак со нејзиниот партнер Роберт Спасенцовски.
Откако пред повеќе од една година Антониа Гиговска откри дека е бремена и дека нејзиниот партнер Роберт Спасенцовски – Џокер ја запросил, парот одлучи да направи свадба на која присуствуваат нивните најблиски, роднините и пријателите.
Иако парот се потруди вестите за свадбата да останат во најголема тајност, сепак на социјалните мрежи се објавени фотографии и видеа од кои може да се види како тече свадбената церемонија.
Роберт, според традиционалните обичаи прво заминал во домот на невестата, а по стапувањето во брак во црква, се планира забава за гостите во познат скопски ресторан.
Антониа, се труди за целиот настан да не објавува фотографии и видеа, но нејзиниот стилист Даниел Николовски се пофали дека тој бил задолжен за фризурата и стајлингот, а на Инстаграм веќе се достапни неколку фотки од Антониа во венчаница.