(ФОТО) Антониа и Роберт се венчаа!

Пејачката Антониа Гиговска и нејзиниот партнер Роберт Спасенцовски, попознат како Џокер, вчера стапија во брак кажувајќи го судбоносното „да“.

Младата пејачка сподели неколку фотографии од фотосесијата со нејзиниот сопруг, а во описот на фотографиите напиша:

„30.4.2023. Официјално венчани“.

Прекрасната Антонија која воедно е и бремена, одлучила да носи тесна венчаница од чипка од дизајнерката Матеа Драгшиќ, а за шминката и фризурата се погрижил нејзиниот долгогодишен соработник и пријател, фризерот и шминкер Даниел Николовски.

Нејзиниот сопруг, како што може да се види на фотографиите носи кафеаво одело искомбинирано со патики.

Гиговска на својата објава на Инстаграм доби бројни честитки од своите пријатели и соработници, а на младиот новопечен пар му посакуваме многу среќа и прекрасни мигови заедно.

 

tocka.mk