Апасиев до Спасовски: Синоќа не ви влеговме во стапицата, 50-темина уфрлени провокатори со качулки од АНБ, кои застанаа пред транспарентот на Левица, беа навреме “прочитани”

Синоќа не ви влеговме во стапицата на тајната полиција. 50-темина уфрлени провокатори со качулки од АНБ, кои застанаа пред транспарентот на Левица, беа навреме “прочитани” и левичарите се дистанцираа од нив со санитарен кордон!
Имаме километража со протести. Не ви паѓаме на тие ефтини финти, за после да имате основ да го поапсите цело раководство на Партијата (како што ве учат петте агенти на ЦИА за местенки, кои дошле пред два дена во Македонија), напиша на својот ФБ профил Лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

Во објавата Апасиев додава:

МАКЕДОНИЈА е долга и широка работа бе, предавници! За неа сме спремни и да изгинеме, ама не сме до толку глупи да наседнеме на вашите проѕирни местенки. 😉
Се гледаме секоја вечер – се побројни и се посплотени! До конечниот пад на оваа корумпирана окупациона Влада.
p.s. Тргнавте против народот со палици, специјалци и кучиња!? Ќе завршите бетер од Гоца. Никој не победил народ со пендрек.
Се гледаме на барикадите!
До вашиот конечен крај!

извор: ФБ Димитар Апасиев

фото: Архива