“АПАСИЕВ, ОТИ ТЕ НЕМА ПО ТЕЛЕВИЗИИ?” е најчестото прашање кое го добивам периодов, напиша на својот ФБ профил пратеникот Димитар Апасиев.
Во продожение ја пренесуваме објавата во целост:
Ме нема оти во Собрание го блокиравме законот за легален поткуп на медиуми од времето на Грујо, со кои петте национални телевизии (Сител, Канал 5, Телма, Алфа и АлсатМ) ќе требаше да инкасираат по милион и пол ЕУР за владини реклами.
Уште долго нема да ја има Левица по телевизии, а после тоа ќе ги снема концесиите на телевизиите. Така одат тие работи во животот. У круг.
p.s. Сета среќа што живееме во време на социјални медиуми, па гласот на Левица не може да биде замолчен.
Извор: ФБ Димитар Апасиев