Апелациониот суд ја укина 12-годишна казна затвор за Сашо Мијалков, обвинет во предметот „Таргет Тврдина“

Апелациониот суд ја укина 12-годишна казна затвор за Сашо Мијалков, обвинет во предметот „Таргет Тврдина“ за незаконско масовно прислушување.

Апелација денеска образложи дека пресудата е укината, и дека предметот е вратен пред Основниот кривилен суд во Скопје, на повторно постапување и одлучување, поради „суштински повреди на одредбите од Законот за кривична постапка“.

„Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-81/21, во јавноста познат како „Таргет- Тврдина“ , по одржана јавна седница, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите Г.Г од С., Т.Ј од О., Г.Ј. од С., Н.Б. од С., С.М.од С., Н.Н. од С. и В.В. од В., изјавени преку нивните бранители и по повод жалбите и по службена должност ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување, а жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е беспредметна.

 

tv21