Апел за помош на Павлинка

Да се биде мајка е тешка работа, А да се бориш за сопствениот живот и за животот на сопственото дете е многу голем проблем‼️
ВЕ МОЛАМ ДОНИРАЈТЕ, СПОДЕЛЕТЕ, ПОМОГНЕТЕ МИ И МОЛЕТЕ СЕ ЗА МЕНЕ! 🙏
Мојата роденденска желба за мојот 43 роденден е сите вие добри луѓе да ми помогнете да ги соберам финансиските средства и да се вратам жива и здрава од Истанбул за моите две мали дечиња. Јас Павлинка Синадиновска за десет дена полнам 43 години, сопруга сум и мајка на 2 деца (20 години кое за жал боледува од Аутизам, а второто дете кое ми е светла точка има само 4 години) 20 години борба, трпение и трчање за мојот син кој боледува од Аутизам и кој е приврзан и зависен од мене сега дојде ред да се соочувам со многу голем здравствен проблем за мене. Имам тумур во рбетен мозок кој пред една година се оперирав во Систина и операцијата чинеше 10000 евра кои ги платив од сопствени сретства за да можам да бидам здрава за моите 2 деца кои се зависни од мене и мојот сопруг во целост. Тумурот за жал не беше целосно изваден и по една година има прогресија на тумурот и јас имам уште поголеми проблеми/потешкотии во движењето и целата лева страна има опасност од парализа за која имам документ дека 50 посто ми се намалени функциите.
Барајќи го спасот за мене дојдов до неврохирург кој што исклучиво е стручен за мојот проблем каде што професорот ми објасни дека ќе го извади тумурот и ќе мора да постави ипланти за да може да биде стабилно за вратот за да можам стабилно да продолжам да живеам нормален живот и да можам да се грижам за моите 2 деца, нормално да функционирам во општеството како секоја МАЈКА И СОПРУГА. Операцијата треба да се изврши во Истанбул, Р.Турција за која се потребни многу финансиски сретства кој за мене и за моето семејство се проблем бидејќи финансиски сме многу исцрпени. Потребно е оперативен зафат, физикални терапии, по испитување на патологијата можеби ќе има потреба за хемотерапија и радиотерапија и потребни се многу нерви, трпение, позитивна мисла, верба во Бога и многу молитви од сите вас!
Затоа ве молам вас сите добри луѓе да ми помогнете мене и на моето семејство особено на моите 2 дечиња кои имаат голема потреба од мене како нивна мајка. Операцијата мора да биде под итна постапка направена за да не дојде до трајно оштетување на мојата цела лева страна.
🌐
Направете донација (во Македониja и во странство) со картичка, PayPal, ApplePay, GooglePay, Revolut:
✅
Можете да донирате на платформата без разлика на која валута се парите на вашата сметка/картичка брзо, лесно и безбедно.