Арачиново доби струја а ЕВН доби ветување дека во иднина сметките ќе се плаќаат редовно, а броилата нема да се отшетуваат или манипулираат, објави Телма.
Речиси два часа траеше средбата во општинската зграда на Арачиново на која покрај градоначалникот Ридван Ибраими, беа присутни и министерот за економија, Крешник Бектеши и управникот на Елекстродистрибуција Сашо Салтировски.
Според Бектеши, кражби на струја односно загуби во системот има во речиси сите општини низ државата и нема потреба да се таргетира Арачиново како главен проблем и извор на кражби.
Текстот во целост на: Телма.