Арсовска го честита 11 Октомври со стара фотографија од времето кога Трајановски беше градоначалник

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска на својата официјална Фејсбук страница направи катастрофална грешка во обид да го честита денешниот празник 11 Октомври – Денот на народното востание кој е од особена важност за историјата и идентитетот на македонскиот народ.

Имено, таа под честитката за празникот имаше објавено стара фотографија од град Скопје во време кога градоначалник беше Коце Трајановски.

За тоа говори и самиот текст на фотографијата каде пишува: „Ден на востанието 75 ГОДИНИ АНТИФАШИЗАМ“.

 

vesnik.com