Архиепископот г.г Јоан, му додели чин ставрофор на отец Илија Мазнику со потекло од Голо Брдо

Поглаварот на Албанската автокефална православна црква Неговото Блаженство г.г. Јоан, Архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија, на 7 април годинава, на празникот Свети Георгиј Победоносец, му додели чин ставрофор на отец Илија Мазнику од Голо Брдо. Отец Илија Мазнику е Македонец по потекло од село Врница, областа Голо Брдо.

Чинот ставрофор го доделува надлежниот архиереј на оние свештеници кои имаат над дваесет години свештеничка служба, кои се одликувале со својата ревносна работа и служба на Црквата и покажале очигледни резултати во својата работа. Чинот ставрофор односно првосвештеник се доделува на Света архиерејска литургија, кога архиерејот чита молитва над главата на наградениот и му подава прекривка за слабина (ромбоидна ткаенина), која отецот секогаш ја носи на Света литургија.

Почитуван отец Мазнику, Македонско друштво “Илинден”-Тирана, од се’ срце Ви упатува искрени честитки за доделениот чин ставрофор од Архиепископот Јоан. Со вера во Бога и љубов за татковината, Ви честитаме од се’ срце, посакувајќи Ви долга и одлична служба. Достоен е! – се вели во поздравната телеграма од Македонското друштво “Илинден”- Тирана до отец Илија Мазнику.

 

 

vesnik-ilinden.com