Здравствена состојба на Неговото Блаженство, Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија, г.г.Анастас лекарите кои го лекуваат ја оценуваат како критична.
Со авион C-27 на грчкото Воено Воздухопловство беше извршена медицинска евакуација на Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија, г.г.Анастас од Тирана до Атина. Архиепископот го придружуваа лекар и двајца спасувачи, членови на Летечката медицинска екипа на Националната служба за итна медицинска помош на Грција. Авионoт слета во 19:34 часот на воздухопловната база Елефсина.
Веднаш потоа, со возило на брза помош, Архиепископот беше пренесен во болницата „Евангелизмос“, каде што, според информациите, е хоспитализиран на Одделот за интензивна нега.
Се напоменува дека Архиепископот беше примен во болница во Албанија пред неколку дена, кога беше соопштено дека има сезонска вирусна инфекција. Потоа, неговата здравствена состојба се влошила, а според информациите, се појавила гастрична хеморагија.
Тогаш, на официјалниот интернет страница на Православната црква на Албанија беше објавено:
„Неговото Блаженство, Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија, г.г.Анастас беше превентивно примен во болницата во Тирана за следење на здравствената состојба, поради појава на сезонска вирусна инфекција.
vesnik-ilinden.com