На 26 октомври архимандритот Царкњас ќе одржи литургија за Света Злата Мегленска и Свети Димитри, според новиот календар.
Света великомаченичка Злата Мегленска е македонска светителка и маченичка од времето на турското владеење.
Црквата во С’ботско е единствениот духовно-религиозен храм за Македонците од Егејска Македонија. Храмот е посветен на Света Злата Мегленска и е дел од Европската епархија на Македонската православна црква-Охридска архиепископија.
Објектот е граден од архимандритот Никодим Царкњас со помош на донации од македонската дијаспора и од Македонија. На почетокот барањата за изградба на црква на Македонците беа одбивани од грчките власти со образложение оти нема такви луѓе во Грција и дека нема потреба за црква. Подоцна се побара дозвола за изградба на место за собирање народ. Првата литургија во оваа црква се одржа во октомври 2000 година, и отогаш тука редовно е одржуваат неделни литургии на македонски и на грчки јазик.
mkd.mk