Ахмети во одбрана на Груби: ДУИ може и без мене, и без Блерим Беџети, Муса Џафери и Изет Меџити

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, еден ден по ултиматумот даден од неговите сопартијци за итно враќање на партијата на вистинскиот пат, изјави дека неговата партија поставила стабилни структури со силна основа, но не даде дефинитивен одговор за неформирање на партиските органи и обвинувањата на неговите функционери дека изборот на партиски кадри станал привилегија на Артан Груб игнорирајќи ја волјата на партиските ограноци и подограноци. Ахмети рече дека ДУИ во овие 20 години се навикна на вакви незадоволства, објави Alsat.mk.

„Отсекогаш имало незадоволство, секогаш имало дебати, а пред се ова е вредност на која настојувам 20 години по ред, работите да се кажат отворено. Јавноста отворено да знае за позициите, за спротивните мислења и никој не отишол со мечот на Гилотин, но тоа е мнозинството на различните мислења . Мнозинството на ДУИ што не е анархија сака ред, сака мирна и научна дебата. И за оваа дебатата е отворена, институциите се сите функционални и ќе работиме и постапуваме според дефинираните агенди“, рече Али Ахмети, лидер на ДУИ.

Запрашан дали ДУИ може да функционира без оние кои ден претходно го потпишаа ултиматумот, Ахмети рече дека партијата може без секого.

„Демократската унија за интеграција воспостави стабилни структури кои можат да функционираат и без Али Ахмети, без Блерим Беџети, без Муса Џафери, без Изет Меџит. Тоа значи дека ова е национална инвестиција и оваа национална инвестиција има силна основа и силна поддршка“, додаде Али Ахмети, Лидер на ДУИ.

Текстот во целост на: Alsat.mk.