Баба Катерина почина откако на грешка доби астрономска сметка за вода

Катерина Џовинацо (88) почина во болницата каде што беше однесена откако и се слоши поради, како што се верува, астрономска сметка за вода.

Една постара жена добила огромна сметка за вода, по што и се слошило и итно била пренесена во болница. За жал, таа почина во неделата, пренесува АНСА.

Според нив, бабата од снаата дознала дека банката од нејзината сметка за сметката за потрошувачка на вода во периодот август-октомври и одземала 15.339 евра.

Дури подоцна компанијата ИРЕН дознала дека се работи за грешка и дека жената потрошила само неколку метри кубни вода, а сметката изнесува вкупно 55 евра.

Локалните медиуми јавија дека семејството на трагично загинатата жена побарало расветлување на овој случај.

 

telegraf.rs