Баерн Минхен ја објави смртта на 18-годишен фудбалер по повреда на главата

Германскиот клуб Баерн Минхен денес објави дека 18-годишниот кинески фудбалер Гуо Џијаџуан починал откако се здобил со сериозна повреда на главата за време на тренинг натпревар во Шпанија во февруари, јавува Анадолу.

Гуо, кој според извештаите бил удрен со колено во лицето за време на тренинг, бил прогласен за „клинички мртов“ во локална болница, по што бил пренесен во Кина, каде што бил третиран во болница во Пекинг.

Младиот дефанзивец беше дел од Баерн Минхен Ворлд Скуад, проект што им овозможува на талентирани фудбалери од целиот свет да го покажат својот потенцијал.