Бајден го прошири опсегот на санкциите за дестабилизација на Западен Балкан

Со оваа извршна наредба, Бајден презеде дополнителни чекори, измени и дополнување на трите наредби поврзани со Западен Балкан од 2021 година, кои се однесуваат на блокирање на имотот и суспендирање на влезот во САД на лица кои придонесуваат за дестабилизација на Западен Балкан.

Американскиот претседател Џо Бајден ги прошири категориите на лица кои подлежат на американски казнени мерки за оспорување на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјите од Западен Балкан, поткопување на повоените договори и институции, како и учество во значителна корупција што го поткопува владеењето на законот и довербата во демократското владеење и избегнувањето на санкциите на американската влада.

Со оваа извршна наредба, Бајден презеде дополнителни чекори, измени и дополнување на трите наредби поврзани со Западен Балкан од 2021 година, кои се однесуваат на блокирање на имотот и суспендирање на влезот во САД на лица кои придонесуваат за дестабилизација на Западен Балкан.

Регулативата од 2021 година предвидува дека санкциите – блокирање на имотот и суспензија на влез во САД – се однесуваат на лица кои се директно или индиректно одговорни за дејствија и политики кои го загрозуваат мирот, безбедноста, стабилноста или територијалниот интегритет на област или држава во Западен Балкан, ги поткопува демократските процеси или институции, кршењето на човековите права или корупцијата.

slobodnaevropa.mk