Здравјето и животот на жените во оваа нација сега се загрозени, изјави американскиот претседател, Џо Бајден по одлуката на Врховниот суд да ја поништи 50-годишната пресуда со која се легализираше абортусот во целата земја, со која практично се укинува правото на абортус во САД.
Бајден дополнително го обвини поранешниот американски претседател Доналд Трамп за одлуката на американскиот Врховен суд.
Тој понатаму рече дека пресудата е „реализација на екстремна идеологија“ и ја опиша како „трагична грешка“ на судот.
-Според мене, судот го направи она што никогаш досега не е направено, експлицитно го одзеде уставното право што е толку фундаментално за толку многу Американци – додаде Бајден.
фото: