Американскиот претседател Џо Бајден и се обрати на нацијата неколку часа по големото крвопролевање во основното училиште во Тексас, каде 18-годишниот Салвадор Рамос уби 15 лица, 14 ученици и еден наставник.
– Се надевав кога станав претседател дека нема да морам повторно да го правам ова. Уште еден масакр, овој пат во Увалде, Тексас, во основно училиште. Жртвите се убави, невини второ, трето и четврто одделение.
И уште колку што беа сведоци, ги гледаа своите пријатели како умираат, како да се на некое бојно поле. Ќе живеат со тоа до крајот на животот – истакна Бајден и додаде:
– Знаеме дека некои родители никогаш повеќе нема да ги видат своите деца, никогаш повеќе нема да ги заспијат и гушнат. Никогаш нема да биде исто. Да изгубиш дете е како некој да ти откине дел од душата. Како нешто да те вшмукал во шуплината на сопствените бели дробови и никогаш повеќе да не можеш да излезеш. Никогаш нема да биде исто.
Словенците на вчерашниот референдум се изјаснија за закон со кој се спречуваат политичките назначувања на јавната телевизија, откако медиумската клима…
Парламентарните и претседателските избори во Северна Македонија, протоколот меѓу Албанија и Италија за „зајакнување на соработката во областа на миграцијата“,…