Бајден најави забрана за руски бродови на американските пристаништа

Американскиот претседател Џо Бајден објави дека на сите бродови поврзани со Русија ќе им биде забранет пристапот до американските пристаништа. „Тоа значи дека ниту еден брод, кој плови под руско знаме или кој е во сопственост или управуван од руски интереси, нема да смее да се закотви во пристаништето на САД или да пристапи до нашите брегови. Ниту еден“, рече Бајден. Тој претходно изјави дека покрај 800 милиони долари во оружје и муниција што ќе ги испратат во Украина во наредните денови, Соединетите држави исто така ќе обезбедат дополнителни 500 милиони долари директна економска помош за Украина за да ѝ помогнат да ги одржи платите, пензиите и другите владини програми.

 

Радио Слободна Европа