Поранешниот американски претседател Џо Бајден, во последните минути од својот мандат, превентивно помилува пет членови од неговото семејство – братот Џејмс и неговата сопруга Сара, братот Френсис, помладата сестра Валери Бајден Овенс и нејзиниот сопруг Џон Овенс, бидејќи, како што рече, тие беа „подложен со немилосрдни напади и закани“.
Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп реагираше на потегот на Бајден, нарекувајќи го „срамен“.
Одлуката уследи откако Бајден претходно контроверзно го помилува својот син Хантер, кој беше обвинет за злосторства и се соочуваше со затвор, а исто така превентивно помилуваше некои од непријателите на Трамп, како што се д-р Ентони Фаучи и генералот Марк Мили.
Освен Хантер, ниту еден член од семејството Бајден не се соочува со никакви обвиненија, пишува Форбс.
slobodnaevropa.mk