Полскиот претседател Анджеј Дуда го пречека денеска американскиот претседател Џо Бајден во претседателската палата во Варшава на разговори за руската инвазија на Украина. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министерот за одбрана Лојд Остин му се придружија на Бајден во претседателската палата. Во полската делегација беа министерот за надворешни работи Збигњев Рау и министерот за одбрана Мариуш Блашчак.
Претходно, Бајден присуствуваше на церемонијата на прием во главниот град, каде што беше пречекан од воен бенд кој ги свиреше националните химни на САД и Полска.
Бајден претходно накратко се сретна со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба и министерот за одбрана Олексеј Ресников. Детали од средбата засега не се објавени.