Италија ја одобри продажбата на „Пјаџо аероспејс“ (Piaggio Aerospace), авијацискиот гигант на земјата, на турскиот производител на беспилотни борбени летала „Бајкар“, јавува Анадолу.
„Најголемата светска компанија за производство на беспилотни борбени летала, ‘Бајкар’, ги надмина ривалите од повеќе земји на конкурентниот тендер за продажба на ‘Пјаџо ерспејс’, основан во 1884 година“, соопшти „Бајкар“ во соопштението за медиумите во врска со одобрувањето од страна на италијанското Министерство за претпријатија и „Made in Italy“.
„Бајкар“ работеше со „Прагма консалтинг“ за финансиско вреднување за време на процесот.
„Пјаџо ерспејс“ е најпознат во воздухопловната индустрија по производството на деловните авиони „П.180 Аванти“, познати и како „ферари“ на небото, и авионски мотори.
Компанијата, исто така, игра стратешка улога во екосистемот на италијанската одбранбена индустрија благодарение на услугите за одржување, поправка и ремонт и е позната по нејзиниот придонес во технолошката инфраструктура на Италија во текот на нејзината 140-годишна историја.
– „Стратешкиот потег еден од глобалните успеси на турската авијација“ –
Италијанскиот министер за претпријатија и „Мade in Italy“, Адолфо Урсо, во соопштението за медиумите рече дека повторното лансирање на компанијата е загарантирано со јасна и амбициозна индустриска визија, додавајќи: „По шест години чекање, му даваме на ‘Пјаџо аероспејс’ стратешка вредност за нашата земја, иднина со долгорочна производствена перспектива, заштитувајќи ги корпоративните комплекси и работната сила“.
Со ова купување, „Бајкар“ го проширува своето влијание на европскиот авијациски пазар, истовремено зачувувајќи го историското наследство на „Пјаџо“ и зголемувајќи го неговиот производствен капацитет, се вели во соопштението.
Се наведува дека „идната визија на ‘Бајкар’ вклучува зголемување на можностите за вработување за ‘Пјаџо’ во Италија“.
„Овој стратешки потег е еден од глобалните успеси на турската авијација и гарантира дека историскиот идентитет на ‘Пјаџо’ ќе биде пренесен во иднината преку овој договор“.
Во 2023 година, „Бајкар“ се рангира меѓу најголемите 10 извозници во Туркије во сите сектори, со 1,8 милијарди долари извоз.
Според извештајот на американскиот тинк-тенк Центар за нова американска безбедност, Туркије доминира со 65 % во глобалниот извозен пазар на беспилотни летала, на кој само „Бајкар“ држи речиси 60 % од пазарот – трипати повеќе од неговиот најблизок американски конкурент.
Во последниве години, „Бајкар“ генерира повеќе од 90 % од своите приходи од извоз, со испораките на беспилотните борбени летала „Бајрактар ТБ2“ и „Бајрактар АКИНЏИ“ во 35 земји во светот.