Според податоците кои го опфаќаат периодот од 1 јануари до 30 септемрви Белград остварил рекорден број на туристички посети и се очекуваа 2023 да биде рекордна година туристичкиот бизнис на српскиот главен град.
Според последните податоци на секторот за статистика, Белград кои се однесуваат на периодот за првите девет месеци од годинава, главниот град на Србија го посетиле 1.012.498 туристи, што е за 21 отсто повеќе во споредба со истиот период лани, соопшти белградската туристичка организација.
Само во септември Белград имал 135.260 гости од Србија и странство.
Од вкупниот број туристи, 874.488 се од странски земји, за 25 отсто повеќе од 2022 година, а меѓу најбројните убедливо се гостите од Турција (107.571), потоа Русија (85.020), Германија (54.198), БиХ ( 41.308 ), Хрватска (39.911), Кина (38.989), Романија (32.890). Најголем број ноќевања оствариле гости од Русија, Турција, Германија, Кина и САД.
– Како што предвидовме, продолжи растот на пристигнувања и ноќевања на странски гости во Белград. Овој период го одбележаа традиционално силните пазари како Турција и Кина, а по нашите промотивни кампањи бележиме и значително зголемување на бројот на гости од Романија и Италија, со натамошен тренд на раст – изјави Миодраг Поповиќ, директор на Туристичка организација Белград.