Шефот на Централната изборна комисија на Белорусија, Игор Карпенко, синоќа соопшти дека на референдумот за измените на Уставот на земјата гласале 65,16 отсто од граѓаните.
„За измените на Уставот на Белорусија гласаа 65,16 отсто од учесниците на референдумот, а против беа 10,07 отсто“, информира Карпенко.
Според законот, референдумот се смета за успешен ако на гласање излезат повеќе од половина од пријавените граѓани на гласачкиот список.
Според Карпенко, пријавени се 6.815.667 граѓани, а гласале 78,63 отсто.
Се поизвесно е дека со усвојувањето на новиот Устав ќе се смени статусот на нуклеарното оружје и ќе се овозможи нивно стационирање на белоруско тло, во време кога тоа стана преодна точка за руските напади врз Украина.
Така, за прв пат откако Белорусија се откажа од нуклеарното оружје по падот на Советскиот Сојуз, повторно може да се најде на нејзина почва.
Обраќајќи се на гласачкото место во неделата, Лукашенко рече дека може да побара од Русија да и го врати нуклеарното оружје на Белорусија.
„Ако вие (Западот) пренесете нуклеарно оружје во Полска или Литванија, до нашите граници, тогаш ќе побарам од Путин да го врати нуклеарното оружје од кое безусловно се откажав“, рече Лукашенко.