Берлускони се ожени со 54 години помладата Марта

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (85) се ожени со 54 години помладата политичарка Марта Фасцина. Како што пишуваат италијанските медиуми, свадбената забава се одржала во вила во Лесмо, а присуствувале околу 60 гости.

Облечена во венчаница од чипка, од брендот Антонио Рив, Марта до олтарот ја однел нејзиниот татко.

-Марта, кон тебе чувствувам голема љубов. Вакво нешто не сум искусил досега во животот! Беше со мене во тешките моменти, не би можел да живеам без тебе – рекол Берлускони додека си давале завет.

Парот бил заедно околу две години, а богатството на Силвио се проценува на околу седум милијарди долари.
Тој во минатото во неколку наврати беше во центарот на светската јавност поради секс скандали, но и поради даночни малверзации.

извор/фото: агенции