Борбата против криминалот и одржувањето на безбедноста и сигурноста на граѓаните се наши клучни приоритети.
Со професионален, чесен и одговорен пристап и посветеност, достигнавме значајни резултати.
• За 6,5 % е намален вкупниот криминал
• Постигната вкупна ефикасност од 63,5 %
• Забележан е позитивен тренд од 50% при сузбивање на организираните криминални групи
• значајни постигнувања во борбата со недозволена трговија со дрога
– сузбиени се 8 (осум) криминални групи и 1 (една) терористичка ќелија
1. Случај SKY – Поднесена е кривична пријава против три лицa од кои двајца полициски службеници како дел од меѓународна криминална група инволвирана во набавка и пренесување на наркотична дрога кокаин од земјите на Јужна Америка до земјите на ЕУ и РС Македонија.
2. Случај „Адитиви“:кривично се пријавени 23 лица кои свесно ги повредиле прописите на постапката за јавна набавка со изигрување на постапката во АД ЕСМ – Подружница РЕК Битола и подружница РЕК Осломеј.
3. Случај „Државна лотарија“: Поднесена е кривична пријава против 8 лица од кои генерален секретар на влада, поранешен вицепремиер и поранешен премиер.
4. Случај „Кипер“: Сузбиена е седум члена криминална група инволвирана во криумчарење мигранти во соработка со лице од Србија
5. Случај „Ексорт“: Сузбиена е криминална група инволвирана во посредување при вршење на проституција.
6. Случај „Шипка“: Сузбиена е 15 члена организирана криминална група инволвирана во извршување на криминални активности од областа на недозволена трговија со дрога, трговија со луѓе и перење паро.
7. Случај „Ланец“: Сузбиена е криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога меѓу кои и еден полициски службеник.
8. Случај „Бункер“: Сузбиена е организирана криминална група инволвирани во вршење на кривични дела од областа на насилниот криминал, недозволена трговија со оружје и други кривични дела.
9. Сузбиена е една терористичка организација/ќелија со намера на изведување на терористички акт на јавни објекти, а пријавени се четири лица.
10. Еден врховен судија и еден член на Совет на јавни обвинители со правосилна пресуда повеќе не се дел од рекетарски систем којшто го практикувал години наназад.
11. Во рок од само една недела, падна цела организирана група на цариници којашто ја злоупотребувала службената положба и се богатела на грбот на граѓаните
– спречени два меѓународни транспорти за марихуана и кокаин
– зголемени заплени на кокаин, екстази и масло од канабис – над четири тони и 170 килограми разновидна наркотична дрога
• за 25% намален е бројот на кривични дела „убиства“. Сите дела се расветлени, а расветлени се и убиства извршени над девет лица регистрирани во претходните 10тина години.
• За 14,5% намален е бројот на тешките телесни повреди, а за над 30% се намалени изнудите и уцените
• За 20.9% намален е бројот на прекршоците во сообраќајот
Внатрешната контрола активно работи на навремено откривање и санкционирање на неправилностите, што ја потврдува нашата посветеност на транспарентност и интегритет во работењето.
Годинава, Одделот поднел 33 кривични пријави против 80 вработени.
Најпознат случај е пријавата против 25 високи службеници за злоупотреба при издавање дозволи за оружје.
5. ГРАНИЧНА ПОЛИЦИЈА
Посветено и решително ја контролираме државната граница, за што показател е намалувањето на обидите за илегални преминувања на границата за 60%.
Во изминатиот период спречени се повеќе од 3.000 обиди за илегален транзит низ нашата земја, главно од мигранти од Сирија, Мароко и Египет. Притоа, сузбиена е седумчлена организирана криминална група и откриени се 36 случаи на криумчарење на повеќе од 250 мигранти.
Клучни за справување со овие предизвици се заедничките операции со Европската Агенција Фронтекс.
6. РЕЗУЛТАТИ
Делата говорат за брзата и професионална реакција во борбата со криминалот и корупцијата.
• Целосно го расчистивме случајот со убиството пред трговскиот центар Мавровка.
За само два часа, со брза реакција на специјалните полициски сили, хеликоптери и дронови, беше фатен сторителот.
• За рекордно време беа фатени лицата, а случајот брзо расветлен и расчистен, кои со закана со оружје и лажна експлозивна направа извршија грабеж во голем трговски објект во Скопје
• Уапсени се 18 лица поврзани со инцидентите на Денот на албанското знаме, четворица се во притвор, додека за десетина се покренати прекршочни постапки. Во текот на првиот ден од инцидентите, беа уапсени осум луѓе.
• Последната голема координирана акција заврши со апсење на 21 лице и кривична пријава за 23 лица во случајот „адитив“
• Сузбиена четиричлена организирана криминална група која имала за цел изведување на терористички акти на јавни објекти
• Разбиен е осумнаесетчлениот криминален клан „Беланоца“ од Арачиново со што се откри кој го нарачал убиството во „Шиша бар“ и убиствата на шестмина во последните четири години. Со оваа акција расветлени се 8 убиства, 3 обиди за ликвидација и бројни случаи на изнуди, закани и рекет. Во акцијата пронајдени беа и околу половина милион евра, злато и оружје
Пораката е јасна.
Секој што ќе се огреши пред законот, ќе биде изведен пред лицето на правдата.
Нашата борба против криминалот и корупцијата е постојана и одлучна.