Со ребалансот на буџетот на Општина Охрид за 2024 г. обезбедивме повеќе средства за образованието:
✅Изградба на атмосферска канализација и водоводна мрежа во ОСУ ,,Св. Климент Охридски”
✅Набавка и поставување ролетни во СОСУ ,,Св. Кирил и Методиј”
✅Изградба, реконструкција на тоалети и уредување на простор во ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски”
✅Набавка на смарт табли“ во ООУ „Св. Климент Охридски“
✅Реконструкција на тоалети во ООУ ,,Св. Климент Охридски”;
✅Изградба на нова училишна зграда за потребите на ООУ ,,Кочо Рацин” (избор на надзор и неопходни инсталации во фаза машинство додека не се реконструирани внатрешните ѕидови);
✅Зголемени средства за исплата на платите за ангажираните 10 образовни асистенти во средните училишта;
✅Зголемување на средствата за Наградување ученици кои освоиле први места на државни и меѓународни натпревари, избор на првенец на генерацијата, како и организација на манифестацијата „24 Мај – Ден на сесловенските просветители”;
✅Зголемување на средствата за Исплата на средства по основ отпремнини и солидарна помош;
✅Мониторинг и патролно обезбедување на дел од основните училишта на територијата на општина Охрид, завршена е тендерската постапка и инсталирање на потребната опрема.