Според неофицијални информации, Ханифа М. (59) со кујнски нож го пробола својот сопруг Хасан (55) во надлактницата, а тој искрвавил до смрт. На убиството му претходела расправија.
Кога искрвавил, таа ја исчистила куќата, го пресоблекла сопругот и поставила нови теписи. Потоа повикала полиција и им рекла дека се скарала со сопругот и дека тој сам си ги нанел повредите, од кои починал.
Како што се дознава, полицијата пронашла крвави теписи.
Според полициската управа во Добој, таа била уапсена во понеделникот поради сомнение дека сторила кривично дело убиство.
„Постои сомнение дека наведеното лице истиот ден во семејниот дом му го одзело животот на сопругот Х. М. по што таа ја променила локацијата и потоа побарала интервенција на полициски службеници“, наведуваат од полицијата.
tocka.com.mk