Босна и Херцеговина: Уништена бомба тешка 50 килограми која датира од Втората светска војна

Во градот Бања Лука кој се наоѓа во северниот дел на Босна и Херцеговина е уништена бомба тешка околу 50 килограми која датира од Втората светска војна, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Врз основа на информацијата која ја добивме пред три недели, најпрвин ја утврдивме локацијата, а потоа ги извршивме потребните подготовки“, истакна Драган Бабиќ, шеф на Дирекцијата за цивилна заштита.

Бабиќ нагласи дека бомбата за која се претпоставува дека датира од Втората светска војна е безбедно уништена.

Според него, пред процесот на уништување на бомбата, евакуирани биле 30 домаќинства кои се наоѓале во околината.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).