Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки 13, кој е на издржување на казна затвор во затворот „Идризово“, во пишaнo соопштение до медиумите, реагира дека врз него се врши „незапаметена тортура од страна на Основниот кривичен суд Скопје“.
Правниот тим на Јовановски, во соопштението до медиумите споделува и медициска документација со која, како што вели, се докажува дека во затворот „Идризово“, каде се наоѓа на издржување на казна затвор, е вратен со метаплазиран желудник, претканцерогена состојба и во лоша здравствена состојба
– Ја информирам јавноста дека врз мене се врши незапаметена тортура од страна на Основниот кривичен суд Скопје, каде имав истакнато барање за прекин на издржување на казна затвор поради влошена здравствена состојба од животно загрозувачки карактер. Наместо законита одлука темелена на докази добив судско решение за кое изразувам основано сомневање дека е фалсификувано и антидатирано под директна наредба од страна на претседателот на Основниот кривичен суд Иван Џолев, се вели во соопштението од Јовановски.
Јовановски, исто така, посочува дека за сето ова се известени со посебни барања и иницирани постапки, раководителот на ОЈО за ГОКК Ислам Абази, Амбасадорката на САД, Судскиот совет, Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур и други меѓународни и домашни организации.
извор: Правниот тим на Јовановски