Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, соопшти дека со олеснување ја повлекува својата кандидатура за премиер на Бугарија.
„Не сакам веќе да се занимавам со оваа разрушена држава. Категорично ја повлекувам кандидатурата. Чекаме премиер со еквидистанца“, изјави Борисов на прес-конференција, додавајќи дека веднаш ќе го врати мандатот кога ќе го добие.
„Ги добивме неопходните одговори и тие покажуваат дека во мене не гледаат добар лидер или премиер“, објасни Борисов, осврнувајќи се на ставот на „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“.
slobodnaevropa.mk