Во Белградско училиште ученичка дошла со нож и список со „мети“

Во основното училиште „Милена Павловиќ Барили“ во Белград, ученичка од повисоките одделенија во ранецот донела нож и тетратка со список на ученици од класот кои, како што тврдат некои родители, наводно планирала да ги убие.

Таткото на едно девојче на класната раководителка ѝ испратил фотографија од лист тетратка со имиња на неколку ученици со наслов „Мети“. Според него, тоа било нацртано во тетратката на ученичка од нејзиниот клас. Класната ме извести, а потоа постапив според процедурите што ги наложи Министерството за образование за вакви ситуации, изјави за „Блиц“ Оливера Корошец, директорка на белградското основно училиште „Милена Павловиќ Барили“.

Случајот е пријавен кај надлежните и се работи на расветлување на сите детали.

Полицијата работи на натамошно расветлување на случајот, дали списокот е напишан по трагичните настани, дали постоел претходно, па само насловот е додаден, дали баш таа девојка го напишала, како се дошло фотографијата и дали е фотографирана воопшто од тетратка на некој од учениците на нашето училиште. Полицијата соработува и со училишниот психолог, вели Корошец.

На прашањето дали е вистина дека девојката што наводно го составила списокот била проблематична и претходно, директорката одговори дека сè уште не е утврдено кој го составил списокот и од кои причини, па „не би издвоила никого додека полицијата не го заврши своето“.

 

извор: Блиц