Десет дена трае потрагата по исчезнатиот 31 годишен Македонец Мартин Јовановски, кој со своите пријатели беше повлечен од морските струи кај Посиди на првиот крак од Халкидики.
Неговиот брат Горан е дојден од САД со сопругата и 10 месечното дете за да се приклучи во потрагата и да биде со својата мајка.
Горан апелира до грчката влада повторно да помогне и да се вклучи во потрагата, бидејќи како што вели нивните финансиски средства како семејство се исцрпени бидејќи износот кој е потребен за ангажирање на сите пловни и воздушни средства е превисок.
-За жал немаме никако резултат, никаков знак. „Заглавени“ сме во друга држава, но не можам дома да си заминам без брат ми. Не можам да и кажам на мајка ми како да се вратиме во татковината без него. Потрагата за мојот брат станува прескапа бидејќи се изнајмуваат чамци како и подводни дронови со термални камери, вели Горан во изјава за грчки медиум и посочува дека донациите им се важни и без нив не би можеле ништо да направат.
Вели дека се малку луѓе, а простор кој треба да се пребара е преголем. Испрати апел и до локалното население ако може да се вклучи и да помогне во потрагата. Вели, потребни им се авиони, дополнителни дронови и хеликоптери, а секој може да се вклучи.
фото: PRTSC