Бремената жена И.Г. (31), која вчера се обидела да се самоубие со палење во Чачанското село Брешница, оставила проштално писмо.
Како што неофицијално пишуваат српските медиуми, и покрај тешкиот живот, истрагата не утврдува информации што би укажале на семејно насилство. Утврдено е и дека не се полила со бензин, и покрај исказот кој го дала на полицијата дека се полеала со бензин.
-Дефинитивно трудницата не се полила со бензин, бидејќи доколку било така, изгорениците би изгледале сосема поинаку од оние што ги има на телото. Притоа, на лице место немало ниту траги ниту мирис на бензин. Таа остави проштално писмо, но на полицијата не и дала никакви информации што би укажале на семејно насилство или малтретирање на членовите на домаќинството кон неа, всушност негираше какво било спомнување на малтретирање – вели извор од истрагата.
Тој додава дека полицијата во куќата пронашла големо, празно тенџере на шпоретот, за кое се претпоставува дека имало врела течност од која се здобила со изгореници по телото. Чудно за истрагата е и начинот на кој го направила, бидејќи најголем обем на изгореници се забележани на долниот дел од телото, стапалата и потколениците, а има и спорадични изгореници на бутовите и стомакот.
фактор.мк