Најмалку 4 лица загинаа, а десетици патници се повредени во страотен судир на патнички и товарен воз во градот Пардубице во Чешка, јавува Blesk.cz.
Како што јавија овој и други чешки медиуми, брз воз со околу 200 луѓе од Прага до Кошице се судрил со товарен воз, а портпаролката на чешките железници потврди дека во несреќата има загинати и тешки повредени.
Судирот се случил на новата станица Пардубице Центар, а железничкиот сообраќај во овој дел на Чешка во моментов е во прекин.
Возовите директно се судрија, а министерот за полиција Вит Ракушан и министерот за транспорт Мартин Купка излегоа на местото на настанот.
Чешкиот премиер Петр Фијала зборуваше за мрежата Х со следнава порака:
„Судирот на два воза во Пардубице е голема несреќа. Сите мислиме на жртвите. Изразувам искрено сочувство“.
telegraf.rs