Тим на лекари од Велика Британија се очекува да пристигне во Македонија, да им помогнат на македонските колеги во лекувањето на пациентите со изгореници, кое е долготрајно.
Како што соопшти директорот на ФЗОМ Сашо Клековски, во моментот на македонските клиники се наоѓаат лекари од Чешка и од Израел кои имаат адекватна експертиза.
– Во следната фаза треба многу специфичен третман од пластика, од респираторни повреди и понатамошна потреба за реконструктивни зафати. Денеска од Велика Британија доаѓаат експерти кои ќе ни помогнат да ја планираме следната фаза на лекувањето на пациентите, а тоа ќе трае долго – рече Клековски на денешната прес-конференција во Владата.