Брод плови низ мразот на реката Хадсон во Њујорк

 Температурите под нулата во Њујорк замрзнаа делови од реката Хадсон, која ја користат и комерцијалните бродови, јавува Анадолу.

Снимките од дрон покажуваат како брод плови низ мразот што се формирал на реката, создавајќи „воден пат“ низ реката.

Областа на Њујорк овој период е погодена од ниски температури и обилни снежни врнежи, што создаде „замрзнат спектакл“.

Реката Хадсон речиси никогаш не замрзнува целосно, а последен пат тоа било регистрирано пред повеќе од 200 години.

 

извор:АНАДОЛИЈА