Бубевски за Хрватскиот ракометар: Го удирале со нозе по главата, намерата не била нешто да се прикрие, туку лоша лекарска проценка

Хрватскиот ракометар Денис Тот, спак, починал од тепање и удари, пишуваат хрватските медиуми.

Наводите дека младиот хрватски ракометар бил претепан ги потврдија и полицијата и македонското обвинителство.

Полицијата по прегледувањето на видеата уапсила две лица, меѓу кои и 19-годишна девојка.

Еден се уште е во бегство, изјави за РТЛ главниот скопски обвинител Гаврил Бубевски.

„Моите најнови информации велат дека сè уште се трага по човекот кој го започна сето тоа.

Тој прв го удрил ракометарот, кој не се ни бранел, а подоцна другите двајца го удирале со нозе во главата“, изјавил Бубевски за РТЛ.

„Мислам дека воопшто немаше намера се да се прикрие. Само сплет на околности. Мислам дека тоа беше лоша лекарска проценка и стојам на тоа“, тврди Бубевски.