Бугарија го отфрли предлогот на Виктор Орбан да посредува за решение меѓу Скопје и Софија

Само неколку часа по понудата Унгарија да посредува за надминување на спорот меѓу Скопје и Софија, Бугарија го отфри предлогот на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Според тамошниот министер за надворешни Иван Кондов на Бугарија и се потребни посредници во процесот бидејќи европскиот договор со Македонија бил јасен. За дел од познавачите во земјава, во ваквиот потег на Бугарија не е изненадување. Според Марко Трошановски од Институтот за демократија сепак е можно прифаќање на меѓународна медијација од страна на идната бугарска влада, особено ако неа ја формира поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов. Но вели и дека во таков слчучај тешко би се постигнало заедничко прифатливо решение и за двете страни, објави Канал 5.

„Апсолутно било кој обид сега за меѓународно посредство од било кој претставник на ЕУ во овој спор ќе бдие одбиено од Бугарија. Јасно е дека сакаат целосн да ја искористи асиметричната моќ која ја има во оваа ситуација. Сепак треба да се има в предвид дека ове е техничка влада која досега се покажа дека емногу ригидна по прашањето за подобрување на односите со Македонија. Да почекаме за евентуално ново стабилно валдино мнозинство во Бугарија, кое можеби ќе има покнструктивен став на темата. Доколку идната бугагарска влада ја составува Бојко Борисов постојат шанси да се отворат некакви разговори со медијација од страна на Унгарија“..

На пораките на унгарскот премиер Орбан дека Македонија до крајот на годината мора да ги отпочне преговорите со Унијата, Трошановски гледа само како на политичка поддршка, а не уверување дека тоа ќе се случи.

„ Досега многу пати многу челници го кажаа тоа, впрочем и претседателот Буш на самиот самит на НАТО од Букурешт рече дека утре Македонија ќе стане следна членка, па тоа не се случи. Така што овие изјави ги толкувам само во насока на политичка воља, политичка поддршка или притсок, меѓутоа далеку од тоа дека е извесно дека ќе резултираат со позитивен исход за нас. Секако дека усвојувањето на уставните измени останува предуслов за да се случи отпочнување на преговорите“.

Одвојувањето на Македонија од Албанија на евроинегративниот пат вели дополнително го усложнува процесот не зачленување на Македонија во ЕУ и е уште една порака од Брисел дека Македонија мора да ги исполни превезмените обврски, а не да се надева на промена на условите од преговарачката рамка.

извор:Канал 5