Бугарските власти соопштија дека полицијата уапсила 141 мигрант кои се обиделе да влезат во земјата без дозвола, а се верува дека сите се мажи со потекло од Авганистан. Полицијата соопшти дека ќе ја зајакне безбедноста долж границата на источноевропската земја на ЕУ со Турција поради зголемените илегални премини на мигранти. Властите соопштија дека група од 88 авганистански мигранти патувале со автобус регистриран во Северна Македонија кога бил запрен во пристанишниот град Бургас на Црното Море. Полицијата во Бургас соопшти дека возачот на камионот бил 60-годишен маж од Северна Македонија, кој ќе биде обвинет за трговија со мигранти.
Раио Слсободна Европа