Бугарскиот клуб во Битола избришан од Централниот регистар

Откако Комисијата за употреба на имиња на личности даде негативно мислење за бугарскиот клуб „Ванчо Михајлиов“, односно имајќи предвид дека се работи за личност блиска со фашистичка идеологија кој со своето дејствување ја негирал посебноста на македонскиот народ, а истовремено предизвикува нетрпеливост, нетолеранција и омраза во македонското општество, сега тој е избришан од Централен регистар.

Како што се наведува вугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“ денеска е избришан од Централниот регистар на Македонија (ЦРРСМ) откако Министерството за правда одлучи дека името на клубот ги повредува националните чувства на Македонците, поради соработката на Михајлов со фашистичкиот окупатор.

Од ЦРРСМ велат дека клубот не го усогласил името со измените во Законот за здруженија и фондации.

Со законот се забранува основање на организации што во нивното име, програма, цели и дејности поттикнува и повикува на воена агресија, разгорување на национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост, нетолеранција, геноцид, екстерминација, ширење и поддршка, поттикнување и одобрување фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх.

 

vesnik.mk