Бугарскиот премиер во заминување најсериозен кандидат за нов премиер

Бугарскиот премиер во заминување најсериозен кандидат за нов премиер. Владата падна, за партијата Ја продолжуваме промената, повторно да го кандидира Кирил Петков за иден премиер на Бугарија. Ова го соопшти еден од неговите најблиски соработници, Мирослав Иванов, објави Алфа. 

-Господинот Петков беше исклучително активен премиер, кој што кажа дека нема да прави компромиси со своите принципи, со просечноста, со тоа да има нула толерантност кон корупцијата. Тој ги исполни тие негови цели, изјави Иванов.

Ова е само потврда на зборовите на Петков, веднаш откако му беше изгласана недовербата. Тогаш порача дека ќе се обиде со независни пратеници да формира ново владино мнозинство и да ја продолжи својата битка за подобра Бугарија.

Текстот во целост на: Алфа. 

фото: Архива