Кинескиот град Шангај почна да ја користи првата инхалирана вакцина против Ковид-19.
Администрацијата на Шангај објави дека вакцината за вдишување се нуди бесплатно како дополнителна доза на претходно вакцинирани лица. Целта на развојот на овие вакцини е да се вакцинираат лицата кои имаат проблем со класичната вакцинација поради употребата на игли, како и да се зголеми бројот на вакцинирани лица во сиромашните земји поради полесна администрација.
Кинеските регулатори ја одобрија употребата на овие вакцини како засилувачка доза во септември.
Ескалираат полемиките за употребата на албанскиот јазик во Северна Македонија.Темата којашто веќе извесно време ја бранува политичката сцена во земјата, дополнително…