Весна Дамева поднесе оставка од функцијата претседател на судски совет

Власта нема слух за подобрување на состојбата во судството и цело време го опструира а премиерот и политичарите од владеачката гарнитура постојано говорат негативно за судскиот совет и судиите рече Весна Дамева и поднесе неотповиклива оставка од претседателската функција за да го заштити како што кажа личниот интегритет и мирот и спокојстовото на семејството.

Претседателот на Владата токму од собраниската говорница изнесе наводи дека во Судскиот совет, со кој раководам, има некави кланови и се фалсификуваат записници, објави Телма.

Заради заштита на угледот на Судскиот совет и во насока на законито постапување, јавно го повикувам Претседателот на Владата на Република Северна Македонија да ги достави доказите веднаш до ОЈО кои како што од собраниската говорница наведе дека ги има, а се однесуваат на фалсификување на записници во Советот, во спротивно сметам дека треба јавно да се извини на Советот.

Во телевизиско гостување истакна и дека на нашето место, на местото на постојаните членови на советите, треба да дојдат „нивни“ луѓе, претпоставувам дека тоа се однесува на судии или обвинители кои се блиски до владеачката политичка партија. И ова, во една демократска држава е многу сериозно, да не речам поразително.

Во оставката Дамева го спомена и пратеникот Антонио Милиошоски дека и се заканил со кривична одговорност во телевизиско интервју. Тоа е недозволива закана што може да биде протолкувана како став и на партијата од која доаѓа смета Дамева. Таа на политчарите им порача Имуна сум на вашите закани. На судиите кои не ја заслужуваат тогата и се додворуваат на политичари им порача- не си играјте со огнот а на чесните судии кои не доагаат од тефтерчињата да ја заштитат независноста на судската власт .

Текстот во целост на: Телма.